„Литера“ – најдобар фестивал, „Наука за деца“ – најдобра конференција

„Светското првенство во хип-хоп“ доби Гран при на Фестивалот БЕАМ кој синоќа ги прогласи најуспешните проекти и креативни постигнувања во индустријата за настани. Годинава пристигнале рекорден број пријави. Присутните на церемонијата и продледија настапите на петкратниот светски шампион во модерен балет, младиот Анди Исмаили и енергичниот перформанс на танчерите од студиото „Брејк а лег“, заедно со Мила Србиновска, светски шампион во хип хоп јуниорска категорија.

Анди Исмаили

Ова се наградените во 10 категории:

Најдобар културен настан – Светско првенство во хип хоп („Пипл медиа“).

Најдобар корпоративен настан – Халкбанк: Трајни културни вредности (маркетинг агенција

Ефектива).

Најдобар музички настан – 100 години Скопско (Публицис Груп).

Најдобар фестивал – „Литера“ – Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца

(маркетинг агенција „Ефектива“).

Најдобра активација на бренд – 100 години Скопско („Публицис груп“).

Најдобар спортски настан – Светско првенство во хип хоп („Пипл медиа“).

Најдобра конференција – Наука за деца (Фондација „Кантарот“ Скопје).

Најдобар Експо настан – Skopje Whiskey Fest („Ботегга ивенти“).

Најдобар хуманитарен настан – Ability Awards („Абилитис нет“).

Најдобар настан на државна институција – Меѓународна регулаторна конференција („Идеа плус“

Plus 360° Комуникации).

Гран при= Најдобар настан за 2024 година – Светско првенство во хип хоп („Пипл медиа“).

Сподели