Леонид Вандевски и Маринела Нинева – најбрзи полумаратонци на „Трчај бе“ во Битола

Со над 1.800 тркачи од 25 земји, во Битола се одржа трката „Трчај бе“, а натпреварувачи се соочија со трите категории – 5 км, 10 км и полумаратон (21.097 км), кој воедно беше и Национално првенство во полумаратон. Во трката на 5 км, доминираа Дарија Крстевска и Григоријан Никовски со извонредни времиња. На 10 км, блеснаа Памела Ени и Георги Гергов, додека во полумаратонот, Леонид Вандевски и Маринела Нинева беа најбрзи.

Победници по категории:

5 км – жени:
Дарија Крстевска – 19:29
Радица Јованова – 20:03
Стефанија Лазарева – 20:05

5 км – мажи:
Григоријан Никовски – 15:18
Бојан Чаприќ – 16:13
Роберто Димитриевски – 16:29

10 км – жени:
Памела Ени – 36:43
Ирма Хајдари – 40:30
Елисавета Димовска – 47:33

10 км – мажи:
Георги Гергов – 33:19
Александар Арсов – 33:44
Миле Иванов – 35:39

Полумаратон (21.097 км) – жени:
Маринела Нинева – 1:15:56
Адријана Поп Арсова – 1:17:11
Миљана Ристиќ – 1:23:57

Полумаратон (21.097 км) – мажи:
Леонид Вандевски – 1:10:44
Жан Тосев – 1:13:34
Атанас Анчевски – 1:15:10

Национално првенство во полумаратон под покровителство на Атлетската федерација на Македонија:

Жени:
Адријана Поп Арсова – 1:17:11
Миљана Ристиќ – 1:23:57
Фросина Михајловска – 1:31:32

Мажи:
Леонид Вандевски – 1:10:44
Жан Тосев – 1:13:34
Атанас Анчевски – 1:15:10

На пет километарската трка, беше и Благојчо Ѓорѓиев кој ја помина трката со својата инвалидска количка и собра најголема поддршка од публиката. Неговата мисија за градови во кои лицата со попреченост ќе можат слободно да се движат без препреки е значајна, а учеството на оваа трка од негова страна е повик за градот Битола да работи повеќе во таа насока.

Трката „Трчај бе со Алпско“ уште еднаш ја зацврсти својата позиција како водечки спортски настан во земјата, носејќи радост и успех на сите учесници и фанови. Битола живееше во духот на спортот и заедништвото, подготвена да продолжи да ги поврзува трчањето и филмската магија и во иднина.

Сподели