Tретата сликовница од серијалот „Приказни за облеките“ под наслов „Лефти и Рајти на викенд“ на авторката Наташа
Дукоска од денеска може да се најде во продавниците на Литература.мк. Новото издание ја продолжува магијата на омилените Лефти и Рајти, носејќи свежа приказна исполнета со авантури, детска радост и важни пораки за секојдневниот живот на децата.
Главните јунаци веќе ги освоија најмладите со своите претходни приказни, а во ова ново издание ја доживуваат својата прва голема викенд авантура. Заедно со Мими, тие трчаат во парк, се валкаат во тревата, откриваат нови другарчиња меѓу облеките на другите деца и првпат се среќаваат со вистинска роденденска прослава. Сцените од паркот, шеќерната волна, игрите, кученцата и возбудата околу откривањето на нови места го доловуваат целиот дух на детството и безгрижниот викенд свет што децата го обожаваат.
За да се одбележи излегувањето на сликовницата, на 6 декември во 12 часот во Литература.мк во „Дајмонд мол“ ќе биде прикажана една премиерна сцена инспирирана директно од новата приказна. Сцената ќе биде дел од претставата „Лефти и Рајти и нивните стари и нови авантури“, која со секоја изведба станува сè попопуларна меѓу децата и родителите
благодарение на својата интерактивност, хумор и едукативност.





