Со поддршка од Европската Унија, проектот „Smart4You2“ донесе нова енергија во Битола преку културни, гастрономски и дигитални иницијативи, создавајќи нови можности за развој и регионална соработка. Овој проект е дел од прекуграничната соработка меѓу Македонија и Албанија, поттикнувајќи заедничка размена на култура и иновации. Целодневниот настан ArtQuake, во организација на МКЦ Битола, ги обедини трите клучни сегменти на проектот, комбинирајќи култура, гастрономија и уметност во уникатно искуство за посетителите. Златко Талевски, координатор од МКЦ на проектот, вели дека „Smart4You2“ ја покажува моќта на прекуграничната соработка за создавање одржливи туристички решенија и културни содржини кои го зајакнуваат регионот.”

Програмата започна во „Food Republic,“ каде што беа претставени локални производи од семејни фарми, вина и рачни изработки, славејќи ја автентичноста на регионот и врската помеѓу традицијата и туризмот.
Со овој проект, храната станува мост помеѓу туристите и локалните приказни. Ваквите иницијативи покажуваат како традицијата може да инспирира современи искуства, вели Николче Николовски, домаќин на настанот.
Инфо-точката и „Пит Стоп Тотем“ ја поставија Битола како модерна туристичка дестинација, нудејќи информации за настани, знаменитости и природни убавини.

Градоначалникот Тони Коњановски изјави:
„Оваа иницијатива го претставува нашиот град како центар на културата и иновациите. „Пит Стоп Тотем“ е симбол на заедништвото и визијата за иднината.”
Денот кулминираше во Пациото на Завод и Музеј Битола, каде што современата уметност и дигиталната технологија создадоа спектакуларен финалe. Со DJ сет на Александар Гроздановски – Херцел и футуристички видео-мапинг на Сергеј Светозарев, Битола стана живо платно на современа уметност.

Сашо Додовски
„ArtQuake“ докажа дека културата може да го трансформира начинот на кој ја доживуваме реалноста. Тоа не беше само настан, туку културен момент што ја редефинира иднината”, изјави Сашо Додовски, директор на МКЦ.





