Претстојниот викенд (16 и 17 август), во Крушево ќе се одржи 11. Фестивал на отворено „Крушево низ корија“. Настанот ќе опфати: кампување на Мечкин Камен со сите придружни содржини: планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер, дегустација на крушевски специјалитети подготвени од здружението
„Слоу фуд“ – Прилеп и голема журка во Крушевската корија низ која гостите ќе ги води DJ Oldschool Selector и групата „Романса“.

Велосипедската тура ќе се вози на 17 август на три патеки:
Мала МТБ тура „Крушево низ корија“
Турата е со должина од 15 км и елевација од околу 300 метри, категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец.
Средна МТБ тура „Крушево низ корија“
Турата е со должина од 30 км и елевација од 700 метри, категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност.

Голема МТБ тура „Крушево низ корија“
Турата е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.
Повеќе за програмата на следниот ЛИНК.
Фестивалот е во организација на Форумот за авангардна креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево.





