Крос-трка за деца во Градскиот парк

Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во 11 часот ќе ја организира крос-трката по повод Меѓународната недела на здравјето. На спортската манифестација ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината.

Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк. Децата ќе трчаат на 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Ќе има и штафетно трчање на 200 метри (4×50 метри). Целта на оваа манифестација е се одбележиме Меѓународниот ден на здравјето и да се испрати порака- Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот.

Сподели