Културниот и информативен центар од Битола, со нова креативна иницијатива ги анимира младите битолчани од основните и средни училишта, преку создавање на кратки филмови да ја искажат својата креативна идеја. Пред идните сниматели, режисери и сценаристи или актери поставен е предизвик да снимат краток филм со времетраење до 3 минути, користејќи се со мобилен телефон, на темите: Туристичка промоција на Битола, Екологија и слободна тема.
Најдобрите остварувања ќе бидат прикажувани секоја прва сабота од месецот, во
18 часот во Кино „Манаки“ на Широк сокак, кој е дел од КИЦ Битола.
На овој начин го продолжуваме делото на Браќата Манаки и ја потикнуваме креативноста кај младите, како и можноста да искажат своја идеја или став. Најдобрите кандидати стануваат дел од наредната фаза на иницијативата, односно обуки и други можности за усовршување на талентот, велат од КИЦ Битола.
Кратките филмови во mp4 формат може да се испратат на kinomanakibitola@gmail.com.





