Конкурс за поддршка во областа на уметностите и заштитата на културното наследство

Конкурс за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на уметностите и во заштитата на културното наследство за 2024 година објави Министерството за култура. Со еднократен износ од државниот буџет ќе бидат поддржани апликантите кои не треба да бидат постари од 27 години за прв циклус студии, од 30 години за втор циклус студии, односно од 35 години за трет циклус студии.

– Со овие стипендии, покрај тоа што ќе се обезбеди иднина во дефицитарни области на културата и заштитата на културното наследство, се обезбедува и повисок студентски стандард и грижа за младите идни стручни кадри во областа на културата – велат од Министерството.

Пријавувањето на Конкурсот се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. Конкурсот е отвирен до 22 декември во 23:59 часот. Подетални информации околу критериумите, мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на пријавите, потребната документација и начинот на финансирање, на линкот.

Сподели