Koнференција „Иднината на медиумите, иднината на демократијата“

Koнференцијата „Иднината на медиумите, иднината на демократијата“ ќе се одржи денес во 12 часот во хотел „Лимак“ во Скопје. Ќе бидат претставени главните наоди од финалното истражување што го спроведе МИМ во изминатиот период и се однесува на состојбите и трендовите во медиумската сфера, како и на перцепциите на граѓаните и на медиумските професионалци за перспективите на новинарството и на медиумите во земјава. Ќе биде претставен и компаративен преглед на состојбите во регионот, со цел да се добие поширока слика околу усогласувањето на медиумските реформи со европските стандарди во земјите од Западниот Балкан и Турција.

На настанот ќе говорат претставници на Министерството за дигитална трансформација, на Европската Унија, на Агенцијата за медиуми, како и главни уредници и директори на водечки медиуми во земјава.

Настанот се организира во рамки на регионалниот проект „Нашите медиуми“, што се имплементира во периодот 2023-2025 година, со поддршка од Европската Унија.

Сподели