Во Куќата на Робевци во Охрид вечерва во 20.30 часот ќе се одржи музичко-звучниот перформанс Deep Dive. Концертот е замислен како патување подалеку од мелодијата, нуркање подалеку од хармонијата, аудитивно истражување на звучните можности.
Ќе настапат: Васко Дуковски – кларинет, Сашо Блажес – гитара и Шуњин Ванг – клавијатури.





