Свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката ќе се одржи вечерва во 20 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Ќе настапат реномирани уметници од земјава и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамбли. На програмата се дела од Зубицки, Вивалди, Пјацола, Бете Илин и други.
Концертото го организира здружението „Љубители на класична музика“ од Скопје, кое членува во Светската унија на хармоникашите (Confédération Internationale des Accordéonistes).
Унијата во 2009 година го прогласи 6 Мај за Светски ден на хармониката (World Accordion Day), бидејќи токму на овој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.





