Концерт на Васил Хаџиманов бенд

Васил Хаџиманов бенд ќе одржи концерт вечерва во 21 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Станува збор за извонредна група музичари, чија музика се одликува со иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.

Пред скопската публика тие ќе ги претстават и своите нови, свежи идеи. Билетите се во претпродажба онлајн на drugastrana.mk.

Сподели