Концерт на „Танец“ во Штип

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи гала концерт вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. Публиката ќе проследи програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство.

– Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат сценски израз, „Танец“ ќе ја претстави разноликоста на македонските народни игри и песни кои се дел од нашето културно богатство – велат организаторите.

Влезниците се достапни на билетарницата на Центарот за култура.

Сподели