Концерт на „Македонскиот брас квартет“ во Истанбул

Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул вечерва во 19 часот концерт ќе одржи „Македонскиот брас квартет“. На програмата се дела од Хендл, Верди, Моцарт, Равел, Корсаков, Пјацола и од Зографски.

„Македонскиот брас квартет“ е составен од четворица истакнати музичари, членови на Националната опера и балет: Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон). Формиран во 2013 година, ансамблот бележи бројни настапи во повеќе македонски градови и фестивали.

Концертот во Истанбул претставува дел од континуираните активности на Македонскиот КИЦ за промоција на македонската музичка уметност.

Сподели