Концерт на Кики Лесендриќ и „Пилоти“ во „Јавна соба“

Српскиот пејач, текстописец, композитор Зоран (Кики) Лесендриќ, заедно со славните „Пилоти“, в петок на 19 септември ќе настапат во „Јавна соба“. Ќе бидат изведени Ллегендарните хитови што не стареат –„Као птица на мом длану“, „Када сањамо“, „Негде дубоку ту“, „Лето“ и уште многу други.

Лесендриќ ја започна својата музичка кариера кон крајот на 1970-тите. Тој беше еден од основачките членови на „Пилоти“, кои набргу по формирањето станаа истакнат бенд на југословенската њу-вејв сцена. Откако направија пресврт кон комерцијален поп-рок звук, бендот го достигна врвот на популарноста кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите, распуштајќи се во 1997 година. Лесендриќ ги реформираше „Пилоти“ во 2008 година, по објавувањето на неговиот прв соло албум. Со „Пилоти“, Лесендриќ сними десет студиски албуми и еден албум во живо.

Билетите се достапни на drugastrana.mk

Сподели