Студентите и пензионерите денеска можат да ги набават билетите по поволни цени
Неповторливо музичко доживување најавува Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот во Национална опера и балет на концертот со еден од најзначајните современи џез-гитаристи Курт Розенвинкел и диригентот Владимир Николов. Билетите сè уште се во продажба, но во огреаничен број и може да се купат на https://mktickets.mk/event/kurt-rosenwinkel/. Студентите и пензионерите денеска можат да ги набават билетите за половина цена, еден час пред почетокот на концертот на билетарницата на НОБ.
Ерик Клептон го нарекол „гениј“ гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел. Тој првпат ќе настапи во Скопје. „Њујорк тамјс“ пишува: „Со само неколку ноти, тој кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. Непоколеблив истражувач кој зазеде единствено место во џез-светот со својата сложена и суптилна визија.“

– Веќе три децении, Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот. Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат со виртуозност и емоција – велат од Националниот џез оркестар.
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/kurt-rosenwinkel/ и на продажните места на MKTickets.
Дизајн на плакат:
Сергеј Андреевски
Небојша Спасиќ





