Концерт на ансамблот Altus NB на Скопско лето

Ансамблот Altus NB ќе одржи концерт вечерва во 19.19 часот во Салон 19, 19 во Културно-информативниот центар во Скопје. Настапот е во рамките на „Скопско лето“. Настапуваат: Паскал Галоа – уметнички раководител и диригент, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Ромен Петио – гитара, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело и Маријана Николовска – пијано.

На програмата се дела од: Панде Шахов, Михајло Трандафиловски, Дарија Андовска, Филип Иванов, Пјер Булез, Ангел Спиркоски, Зографски-Шахов.

Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продаваат и пред почетокот на настанот, на влез на Салон 19’19.

Сподели