Комедијата „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова во „Синеплекс“

Словенечката комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) со македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова ќе ја доживее македонската премиера на 6 мај во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Коцев и Јованова се потпишуваат и како копродуценти на филмот, а Сашко Коцев е и косценарист на филмот заедно со Уршка Мајдич. Филмот е во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот Тин Водопивец.

Филмот имаше светска премиера во киното „Синеплекс“ во Љубљана.

Повеќе за филмот прочитајте на ЛИНКОТ.

Сподели