Кои се најдобрите 10 романи во 2022 година според Читачот (ВИДЕО)

„Гитара од Палисандер“ од младата хрватска писателка Кристина Гавран, во издание на „Антолог“, „Нигде од никаде“ на Беким Серјановиќ, „Одењето на мраз“ од Вернер Херцог – ова се само дел од насловите што според Александар Маџаровски, познат како Читачот. Магистер по филозофија, поет, голем љубител на книжевноста кој во последните три години посветува големо внимание на ширењето на убавата книжевност, преку своите видеорецензии што ги објавува на својот јутјуб-канал Читачот.

Проследете го неговото последно видео, во кое тој обрнува внимание на 10-те најдобри романи според него во изминатата година, според неговиот избор на прочитани дела, главно на македонски јазик, но некои и на српски. За секоја од десетте одбрани книги, Маџаровски дава и свое објаснување зошто така ги рангирал, а исто така, за да добар дел од нив има и посебни целосни видеорецензии.

Сподели