На првиот ден од пролетта – 21 март Министерството за животна средина и просторно планирање и УНИЦЕФ, поддржани од Шведска и други партнери, како и од Град Скопје, денес организираат интерактивен настан во Градскиот парк во Скопје за да ги прикажат иницијативите за климатска акција и образование за животната средина коишто се спроведуваат во земјата.
Настанот ќе започне со Innovation Expo Експо пред Школка точно на пладне. Над 60 млади иноватори и климатски еко-активисти ги промовираат своите еко-иницијативи изработени во рамки на UPSHIFT (АПШИФТ) и Младинските кампови за иновација. Младинска консултација на УНИЦЕФ „Приоритетни области идентификувани од младите што треба да се вклучат во Климатската стратегија на УНИЦЕФ“.
На почетокот на настанот ќе бидат организирани интерактивни работнилници за деца . Десет партнери од Мрежа за искуствено учење, Биотехнолошката лабораторија на Град Скопје, и Програмата ГЛОУБ ќе одржат работилници за деца.
За време на настанот, децата, младите и просветните работници од целата земја ќе го развеселат Градскиот парк во Скопје. Околу 250 деца од целата земја ќе учествуваат на една од десетте интерактивни детски работилници од Мрежата за искуствено учење, Биотехнолошката лабораторија на Град Скопје и програмата ГЛОУБ (GLOBE).
Над 60 млади иноватори и климатски активисти ќе ги промовираат своите локални иницијативи за климата и животната средина развиени преку програмите UPSHIFT и Младински иновациски кампови. Исто така, тие ќе се вклучат во младинските консултации на УНИЦЕФ за да ги идентификуваат приоритетните области што треба да бидат опфатени во стратегијата за климатски промени на УНИЦЕФ.
Предучилишни воспитувачи и наставници од целата земја ќе имаат можност да дознаат за воннаставните активности што ги нуди Мрежата за искуствено учење, како и за новите алатки за искуственото учење и образование за животната средина што може да ги воведат во образованието.





