Кинескиот амбасадор го посети универзитетот „Еуропа Прима“

До крајот на оваа академска година, на универзитетот „Еуропа Прима“ се очекува да гостува познатиот кинески филмски режисер Ксие Феи, добитник на „Златна мечка“ од Интернационалниот фестивал во Берлин и професор на Филмската академија од Пекинг.

Кинескиот амбасадор во земјава, Жанг Зуо, оствари работна посета на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“, каде што беше примен од претседателот на универзитетот Јордан Плевнеш, заедно со неговите соработници.

Амбасадорот Зуо изрази голема благодарност за повеќегодшниот ангажман на универзитетот во афирмација на кинеската кинематографија, со организацијата на традиционалната Недела на кинескиот филм, којашто беше организирана во повеќе наврати пред пандемијата. Во исто време, „Еуропа Прима“, заедно со Музејот на уметностите од Нингбо организираше фестивал на Кинематографиите на Централна и Источна Европа во овој кинескиот град, којшто дожиевеа голем успех.

На средбата, на предлог на Амбасадорот на Кина, универзитетот „Еуропа Прима“, повторно ќе организира Недела на новиот кинескиот филм во текот на октомври годинава, во чест на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија, а од следната пролет, Кина ќе биде домаќин на презентација на новото издание на фестивалот на кинематографиите на Централна и Источна Европа, со што универзитетот ќе ја продолжи започнатата традиција.
До крајот на оваа академска година, на универзитетот Еуропа Прима се очекува да гостува познатиот кинески филмски режисер Ксие Феи, добитник на „Златна мечка“ од Интернационалниот фестивал во Берлин и професор на Филмската академија од Пекинг.

Сподели