Музичкото дуо „Дупер“, што го сочинуваат Борис Какуринов и Илчо Нечовски, го објави најновиот музички проект „Кажи ми во лице“ . Преку најновата песна тие успеаја со поинаков пристап да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какуринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“.
Видеозаписот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната. Музиката што ја создава „Дупер“ е единствена и безвременска и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката.
Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук.
Погледнете го видеозаписот за песната на следниот линк.





