Oд печат излезе книгата „Картографирање на себеси“, избор од поезијата на Славица Гаџова-Свидерска на бугарски јазик. Книгата е во издание на реномираната издавачка куќа „Ерго“ од Софија. Преводот од македонски на бугарски јазик го направи Поли Муканова, поетеса и универзитетска професорка.
Книгата е поместена во престижната едиција „Модерна европска лирика“, а содржи избрани песни од поетски збирки „Писма“, „Политики на љубовта“, „Тела“ и „Политики на стравот“. Промоцијата на „Картографирање на себеси“ во Софија е закажана за октомври.





