Како живеело населението на Врбјанска Чука пред 8000 години – изложба во Прилеп

Изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Завод и музеј – Прилеп. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата која беше насочена на проучување на овој извонреден археолошки локалитет во Пелагонија.

На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе македонски и европски институции, а кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките, стопанските и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија.

На изложбата ќе може да се посведочат убавините на секојдневниот и духовниот живот на населението кое живеело на Врбјанска Чука пред 8 000 години.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам во рамки на проектот „70 години НУ Завод и Музеј – Прилеп“

Сподели