Како „Трчај бе“ ги инспирира студентите на графички дизајн во Битола

15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн одговорија на предизвикот да го визуелизираат победносносното „јас“ на овогодинешниот маратон „Трчај бе“ во Битола. Како го гледаат победникот на „Трчај бе“? Студентите направија успешен спој помеѓу наученото и идејата за „Трчај бе“ и секој на свој уникатен начин го визуелизираше победникот, велат од прогaрмата.

Дизајн на Мирјана Шопоска

– Драго ни е што нашите студенти работеа на една толку креативна кампања, каде максимално ги употребија сите алатки научени за време на програмата за графички дизајн. После четири месеци интензивен тренинг, „Трчај бе“ е наш омилен финален предизвик каде од почеток до крај секој студент ја истакна својата професионалност и креативност пренесувајќи моќна порака. Горди сме на позитивните реакции за дизајните и за целата кампања, а уште повеќе на можноста преку ова да влијаеме врз културата во градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата – велат од тренинг-центарот.

Дизајн на Бобан Зуламоски

„Monday Learning remote“ е тренинг центар за програми од областа на графички дизајн и дигитален маркетинг. Нивната мисија е да профилираат луѓе кои учат за да создаваат, а “оваа генерација млади дизајнери најдобро го покажува тоа, преку кампањата за Трчај бе.“

Трката „Трчај бе“ годинава ќе се одржи на 12 септември и воедно ќе биде и Балканско првенство во 21 километар.

Сподели