Актерките Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви вечерва вп 21 часот во „Јавна соба“ повторно ќе ги изведат добро познатите диско музички хитови, преплетени со стенд ап настапи, кои подеднакво ќе го расположат и женскиот и машкиот дел од публиката.
Во Girls Night тие на сцена ја пренесуваат исконската музика со најголемите диско и клупски хитови почнувајќи уште од 80-тите, предизвикувајќи ги присутните да пеат и да танцуваат заедно со нив. Тие имаат подготвено и одлични комични текстови со кои ќе ве натераат да се смеете до солзи.
– Иако овој настан привлекува голем број на женска публика, пред сè поради насловот, машките посетители кои сакаат добра и несекојдневна забава уживаат во иста мера. Искуството од претходните изданија ни вели дека скопјани сакаат поинаков тип на забава. Овој настан е направен „по мерка“ на танц, глума и музика, од друга страна на оваа забава уживаа сите генерации – велат од продукцијата.





