„Јон Вардар против галаксијата“ на фестивал во Грузија

„Јон Вардар против галаксијата“, анимираниот филм во режија на Гоце Цветановски е во официјалната селекција на 5. издание на Striped Tale Animation Festival 2025 што ќе се одржи од денеска до 18 мај во Тбилиси, Грузија.

Во филмот Јон Вардар нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти.

Филмот досега имаше селекции на повеќе од десет фестивали, од кои 5 се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. Филмот е поддржан е од Агенцијата за филм.

Сподели