На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој ќе гостуваат пионерите на џез-фјужн жанрот „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets). Диригент на концертот ќе биде единствениот Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Угледното списание „Џез тајм“ ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“
Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, „Јелоуџекетс“ се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две престижни „Греми“ награди и безброј распродадени концерти ширум светот, тие зад себе оставија музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.
На сцената ќе ги видиме во нивниот актуелен состав: Расел Феранте (клавијатури и пијано), Боб Минцер (саксофон), Дејн Алдерсон (бас) и Вил Кенеди (тапани).
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на следниот ЛИНК. и на продажните места на MKTickets.
Дизајнот на плакат е на Сергеј Андреевски и Небојша Спасиќ.





