Јелена Јованова доби актерско признание на фестивал во Мостар за улогата на Каја во „Нешто слатко“

На 17. Мостар филм фестивак беа наградени и актери од филмот на Теона Стругар-Митевска, „Најсреќниот човек на светот“. Наградата „Стебло на љубовта“ за најдобра главна женска улога ја доби Јелена Кордиќ Курет за улогата на Асја

Актерката Јелена Јованова доби специјално признание за нејзината улога на Каја во независната комедија „Нешто слатко“ на Тин Водопивец, на 17. Мостар филм фестивал. Јованова, заедно со Сашко Коцев се главните актери во филмот, како и копродуценти.

На овој фестивал беа наградени и актери од филмот на Теона Стругар-Митевска, „Најсреќниот човек на светот“. Наградата „Стебло на љубовта“ за најдобра главна женска улога ја доби Јелена Кордиќ Курет за улогата на Асја, актерот Изудин Бајровиќ ја доби наградата за најдобра споредна машка улога, а најдобра женска споредна – Ирма Алимановиќ.

Преку видеопорака, Јованова му се заблагодари на жирито на фестивалот.

-Ова признание многу ми значи, затоа што, пред се, овој филм е независен и ни малку претенциозен и неговото создавање беше многу искрено. Буквално, се што имавме и немавме вложивме во него. Се заблагодарувам на селекторите на фестивалот, кои на овој начин поддржаа една убава независна продукција. Оваа награда за мене ќе биде голем поттик во иднина – рече Јованова.

За наградите одлучуваше жири во состав: Бранка Бешевиќ Гајиќ, Анила Гајевиќ, Амира Кудумовиќ. Актерите од шест долгометражни играни филмови во натпреварувачкиот дел на програмата на 17. Мостар филм фестивал.

Повеќе за наградните, на следниот линк.

Сподели