Во Сули ан во Старата скопска чаршија вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложбата на ликовни дела на тема „Растителни пионери: освојувачи на нови светови“. Ќе бидат изложени дела од: Ана Чоловиќ-Лешоска, Гоце Илиевски, Јана Бутеска, Марија Јаќовска, Марија Ќорнакова, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Славчо Павлоски, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски и од Христина Апостолоска.
Изложбата е дел од проектот „Диверзитет, таксономија и дистрибуција на родот Dryopteris Adans. на планината Кожуф – 37 години по флората на Мицевски“, финансиран од Македонското еколошко друштво (МЕД) преку програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“.
Изложбата ја организираат Факултетско студентско собрание на Факултетот за ликовни уметности и Истражувачко друштво на студенти биолози-ИДСБ, а ќе биде отворена до петок од 8 до 17 часот. Влезот е бесплатен.





