Изложбата „Уметничкиот сон“ на Методи Исков отворена во Прилеп

Во Ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп е отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од Методи Исков. Изложбата е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази.

Отворајќи ја изложбата, Каролина Мицевска, посочи дека проектот ја нагласува важноста на општеството во мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.
– „Уметничкиот сон“, е концептуален проект што ја поканува публиката да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа и преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува – рече Мицевска.

Уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП, има реализирано самостојни и групни изложби и изработено повеќе мурали.

Сподели