Изложбата „Послушност“ на вајарот Перо Кованцалиев во Кавадарци

Во Музеј Галерија во Кавадарци, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Послушност“ од уметникот Перо Кованцалиев. Изложбата е составена од 20 скулптури кои претставуваат акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер. Акумулациите се изградени во неправилни низи и вообразуваат формации на неправилни форми. Промотор на изложбата ќе биде универзитетскиот професор Васко Шутаров.

Современиот македонски скулптор м-р Перо Кованцалиев, преку композициите од акумулирани ушни школки, поставени во различни формации од концептот „Послушност”, е во потрага по изгубениот јавен наратив за рамнотежа од послушност и непослушност, толку потребен баланс-премин низ кој послушноста се облагородува во творечка самодисциплина, а непослушноста во слобода на мислата и креативниот чин, вели Шутаров во рецензијата за изложбата.

– Скулптурите од ушни школки на Кованцалиев, гледаат немо, но увото кое умее да слуша, во нив можеби ќе препознае и шепот од одговори на многу прашаьа поврзани со толку посакуваната рамнотежа од послушност и непослушност! Погледнете ги и
ослушнете ги композициите од ушни школки, нафрлени едни врз други, како мали
ѓубришта од една ислужена клиентелистичка култура на преживуваье, купчиња- губришта врз кои заедно почиват ислужените уши и на марионетите и на авторитетите! Или униформно подредените ушни школки во „колони-еден-по-еден”, кои заводливо тренираат послушност, гордо газејќи по се’ она што не се вклопува во строго контролираната просечност на актуелното мериторно медиокритетство?! Или во совршениот ѕвезден склад од ушни школки во кои уметникот ги препознава моментите на лична или колективна рамнотежа од послушност и непослушност, но, чуму и тоа, ако општественото уво или тврдото уво на актуелната мок, не препознале додадена вредност и од тоа останало само едно совршено естетско дело-каква што е скулптурата која за негува уметникот Перо Кованцалиев – пишува Шутаров.

Проектот покренува општествени прашања и дијалози за моќта на авторитарноста и слепата послушност. Уметникот во општествениот систем, неговата активност и функција како и индивидуалноста на поединецот во организираната подреденост

Перо Ковaнцалиев е мултидисциплинарен ликовен уметник чие творештво е поттикнато од идејата да се влијае на големите наративи со ликовни интервенции и дела кои инспирираат и потикнуваат промени за одржлив развој. Со неговите дела наметнува еден пацифичен начин на комуникација и овозможува видливост на маргинализираните теми потиснати од големите индустрии. Ја нагласува потребата да се земат предвид последиците од нашите постапки и важноста на одржливоста. Воден e од идејата, додека пак материјалот и техниката ги одбира во однос на тема за која говори. Работи низ експерименталниот цртеж, сликарството, фотографијата, видеото, ликовна инсталација, скулптурата и кинетиката.

1982 Роден во Гевгелија, живее и работи во Скопје
2006 Дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје оддел – Вајарство
2018 Завршени постдипломски студии на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје
оддел – Вајарство
Работи како самостоен ликовен уметник скулптор, графички дизајнер, конзерватор и
реставратор
Самостојни ликовни изложби:
2023 Импулси, одблесоци, треперења/ ЈОУ Дом на култура Македонија / Гевгелија
2022 Бисерно непознато / „Фестивал на Светлината Скопје“ / Скопје
2021 Проосветлување / Двајца привремени / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2021 Политичка лиричност / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ,Гевгелија
2020 Капиталистичка авантура / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2020 Ирационални бранови 2 / Фестивал „Бела Ноќ„ Скопје
2019 Ирационални бранови / Културен центар Пионерски дом, Гевгелија
2018 Човечност – изложба на тројца автори / Колектив Галерија, Скопје
2017 Живот како балон / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија
2017 365 кг. Живот / Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп
2015 Затегнатост на Празнината / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија
2014 Да или Не? / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија

Селектирани групни изложби:
2022 Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020 Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020 Годишна изложба / ДЛУМ / НУ Мала Станица, Скопје
2019 Скулптури на новото врем /НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ,Куманово,
2019 Уметноста напаѓа / фестивал / плоштад „Нова Југославија„ , Куманово
2019 Современа скулптура / ДЛУМ / МКЦ, Скопје
2017 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2016 Трансформација на сликата / НУ Музеј на современа уметност / Загреб, Хрватска
2016 Индоктринација / мурал од 35 уметници / Младински културен центар МКЦ, Скопје
2016 Патување / Мала станица / НУ Мала Станица, Скопје
2015 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2015 Скулптури на новото време, Куманово
2015 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2014 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2014 Експериментален цртеж / ДЛУМ , Прага, Чешка
2014 Паратиссима Скопје / Саем на современа уметност / Младински културен центар, Скопје
2014 Бош Фестивал / Гевгелија
2008 -2019 Годишни изложби на ММЦГ / Мултимедиа центар, Гевгелија
2006-2022 Годишни изложби на ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија

Член на:
2021 Двајца Привремени
2017 ИКОМ / Меѓународниот совет на музеи
2012 ДЛУМ / Друштво на ликовни уметници на Македонија
2007 МMЦГ / Мултимедиа центар Гевгелија
2005 ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија
Награди:
2020 Награда – Современа Скулптура „Боро Митриќески/ ДЛУМ

Сподели