Изложбата „НарАРТива 2023“ во Амамот во Гевгелија

Во галеријата Амам во Гевгелија вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „НарАРТива 2023“. Ќе бидат изложени слики и скулптури од современите македонски уметници: Никола Пијанманов, Вангел Срнаков, Владимир Илиевски, Ване Костуранов, Марија Трајаноска, Мирјана Крстева-Масетти, Миле Ничевски, Тони Попов, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Иван Кал’чев и Анамарија Митриќеска Кал’чева. Изложбата ќе ја отвори директорот на библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија, Стефан Марковски.

Од самите прапочетоци на литературата и визуелните уметности може да се зборува и за нивни интермедијални релации кои по својата природа отсекогаш биле двонасочни. Не само што низ целокупната историја литературните дела вдахновиле и биле втемелувачки жар во процесот на создавање на голем број ликовни дела или скулптури, туку и бројни книжевни дела имаат екфрастичко-експресивен предзнак, а обете уметности комплементарно се надоврзувале во сеопштата еволуција на уметноста, поединечни правци или струи.

Изложбата ја организираат библиотеката „Гоце Делчев“ и музејот од Гевгелија за да ја долови едната од овие две насоки, поаѓајќи од позицијата на естетски и поетички разноликото творештво на современите македонски визуелни уметници.

Сподели