Изложба во чест на седумдецениското творештво на уметникот Боро Петров во Гевгелија

Изложба во чест на 70-годишниот творечки јубилеј на академскиот сликар Борис Петров вечерва во 20 часот ќе биде отворена во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија. Во рамките на настанот, ќе биде промовирана и монографијата посветена на неговото творештво. За изложбата ќе зборува Климе Коробар, историчар на уметностa.

Академскиот сликар Борис Петров е роден во Гевгелија во 1935 година. Сликарство завршил во Училиштето за применета уметност во Скопје, во класата на Лазар Личеноски и Педагошка академија во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1969 година. Досега, има учествувано на голем број изложби, како во Македонија, така и во регионот и во Европа. Петров твори во духот на она што му го советувале неговите професори, за убавото гевгелиско и дојранско поднебје. За него, еминентните стручњаци ќе речат дека е мајстор на македонскиот топол колорит, негова трајна инспирација е поднебјето под кое живее и твори, а дека неговиот ракопис е силно медитерански обоен.

Настанот е во рамките на програмата на „Гевгелиско културно лето 2025 “, поддржан од Општина Гевгелија.

Сподели