Изложба StandWithUkraine во КИЦ на Македонија во Тирана

Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана е отворена изложбата на новинарката и воен известувач од Украина, Кристина Атовска. Насловена е StandWithUkraine од нејзиното патешествие и воено известување од Украина.

Исто така беше прикажан и трејлер за нејзиниот долгомотражен документарен филм.
– Украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров, изрази голема почит кон нас и нашата земја, за сета поддршка и помош во нивната борба за слобода – објави македонскиот КИЦ.
На изложбата присуствуваше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски.

Сподели