Изложба на слики од Никола Пијанманов в среда (3 август) ќе биде отворена во Cite Internationale des Arts во Париз. Под наслов „Премин“ (Passage) тој ќе се претстави со дела по кои е специфично неговото творештво.
Пијанманов е роден во 1981 година во Струмица. Средно училиште завршил во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во класата на професорот Рубенс Корубин во 2005 година. Реализира повеќе од 10 изложби, а учествувал на многу групни претставувања и ликовни колонии. Автор е на сценографии, плакати, држи предавања и работилници и активно учествува во културниот живот во Македонија.





