„Метаморфози на просторноста“ е насловот на излошбата на дела од Јован Наумоски која вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој ќе се претстави со дела од областа на оптичката уметност.
Наумоски е роден во 1982 година во Скопј. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности 2009 година педагошки оддел – насока графика во класата на проф. Трајче Блажевски. Од 2009 до 2012 бил на постдипломски студии – отсек вајарство во класата на проф Станко Павлески. Во 2012 се запишал на постдипломски студии на факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА на катедрата за сценски дизајн отсек фотографија кај проф. Роберт Јанкулоски каде магистрирал во 2013 година.
Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и на Фотографската унија на Македонија. Претседател и основач на фото клубот „Пиксел“ од Кичево. Неговиот опус во творештвото е доста голем и разновиден. Дејствува во повеќе полиња на уметноста како сликарство, склуптура, фотографија, драмска и телевизиска режија, подготовка на сценографија. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби.





