Изложба „Архитектура“ во Центарот за култура во Кочани

Учениците од Училиштето за цртање и сликање ќе ги претстават своите дела на изложбата „Архитектура“, што ќе биде отворена вечерва во 19 часот во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.  Изложбата е под менторство на м-р Александра Димитрова, а се организира по повод една деценија постоење, работа и активности на училиштето.

Изминатите три месеци талентираните ученици создадоа лепеза од прекрасни и успешни цртежи на тема архитектура. Низ годините учениците кои генерациски се менуваа и напредуваа, а дел од нив веќе професионално се реализираат во ликовната уметност.

Сподели