Иван Поповски прогласен за најдобар режисер во Русија според публиката

Режисерот Иван Поповски ја доби наградата „Sвезда на публиката“ од публиката во Русија. Публиката гласаше онлајн на интернет-порталот teatral-online.ru. Победниците за 2024 година ги одбраа повеќе од 178 илјади гласачи. Поповски ја доби наградата во категоријата „Најдобар режисер” за изминатата сезона, за претставата „Обично чудо“ во реномираниот Театар Вахтангов.

Наградата „Ѕвезда на публиката“ е основана во 2008 година. Оттогаш таа стана симбол на непристрасна оценка и јавно признание, бидејќи лауреатите ги избира најмасовното жири — повеќе илјадната публика. Во текот на театарската сезона, публиката ги избира омилените претстави и ги номинира онлајн на овој портал. А на крајот од секоја година, по резултатите од гласањето, на свечена церемонија се објавуваат победниците.

Сподели