Да престанат градежните работи на просторот меѓу ФМУ и Филхармонија, ќе го попречат нивното работење

Факултетот за музичка уметност, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата најостро реагира на активностите за узурпирање на јавниот простор помеѓу објектот на ФМУ, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата. Имено просторот околу двата објекта се оградува за вештачки да се создаде пат/улица за тешката механизација која треба да го исфрли шутот од изгорениот обект на поранешната „Комерцијална банка“.

– За таа цел ќе бидат исечени дрвјата, ќе биде уништен плочникот и ќе се доведе во прашање безбедноста на двата објекти. Ова не само што може да нанесе трајни последици во однос на безбедноста на објектите, туку и целосно ќе го попречи функционирањето на овие институции. Во подрумските простории кои се веднаш под овој отпеден „коридор“ се држи настава. Последиците од можна хаварија односно попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе од реални. Веќе се чувствува нарушената статика во балетските сали кои се дел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – велат од овие институции.

Поради тоа најостро реагираме и бараме итно и неодложно стопирање на градежните работи и почитување на основните норми на градење земајќи во предвид дека се работи за образовани институции т.е. за ученици и студенти, за нивното здравје и нивната безбедност, велат од раковствата на овие институции.

Сподели