Хуманитарен настан за продажба на уметнички слики ќе биде организиран вечерва во 20 часот во кафе-клубот „Вајб“ (кај старата градинка) во Тетово, а собраните средства ќе им бидат наменети на лицата со посебни потреби. Настанот го организираат Здружение за церебрална парализа Тетово и ликовните уметници, а по идеја на уметникот Славчо Максимовски.
– Секој од нас треба да им помогне на овие луѓе затоа што што промените треба да почнат од секој од нас, за да имаме едно подобро општество за сите. Секој добронамерен, особено општествено одговорни компаниите што се од Тетово, треба да бидат дел од овој настан и да се помогне на овие лица затоа што и како им треба нашата помош и поддршка – вели уметникот Славчо Максимовски.
На настанот ќе настапи Трио Шербет.





