Сиот приход од викендов, од продадените книги од македонски автори кои се во издание на „Арс ламина“ во книжарниците на „Литература.мк“ ќе биде пренаменет настараданите од земјотресот во Турција и Сирија.
– Во овие тешки мигови, наша општествена и морална одговорност е да подадеме рака и да бидеме луѓе за оние на кои тоа е најмногу потребно. Ве повикуваме да се приклучите кон акцијата и со секое купено издание од македонски автори во издание на „Арс Ламина“ да помогнете на настраданите – велат од издаваштвото.





