Вкупно 304 пакетчиња, 178 рачно изработени новогодишни честитки, 160 книги, 20 плишани играчки и 10 пиши бриши вежбанки за графомоторика се собрани во предновогодишниот карван што го организира наставникот од Свети Николе, Иле Михајловски заедно со повеќе хуманитарни луѓе.
– Од срце им благодарам на малата армија хумани луѓе без кои овој караван немаше да биде успешен. Со нив, успеавме да израдуваме 304 деца во државата. Иако преморен за сè да стаса на вистинското место во вистинско време до децата, полни ми се и срцето и душата! И токму таа растрчаност ми е најубавиот дочек на Новата година – вели Михајловски.

Во акцијата се опфатени шест основни училишта, еден дневен центар за лица со посебни потреби и четири подрачни училишта. Донацијата стигна до:
– СОС Детско село – 45 пакетчиња.
– Згрижувачки семејства во државата – 98 пакетчиња.
– Општина Свети Николе – 100 пакетчиња.
– Општина Штип – 35 пакетчиња.
– Општина Велес – 26 пакетчиња.












