Хрватската виолончелистка Ана Руцнер гостинка на концертот на Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect

Хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер, ќе настапи за првпат во Македонија како специјална гостинка на концертот под наслов Flowers Symphony на Битолскиoт камерен оркестар ⋮IWConnect, што ќе се одржи на 30 јули во античкиот локалитет Хераклеjа, Битола. Ана Руцнер е уметница со повеќе од 1000 настапи во над 30 земји ширум светот. Добитничка е на над 30 домашни и меѓународни признанија, позната по својот иновативен и уникатен пристап во изведбата на класичната музика, која ја збогатува со модерни и етно елементи. Нејзините настапи се вистинско музичко и визуелно доживување – хармонија меѓу традицијата и современото.

Публиката во Битола ќе има ретка можност да ја доживее магијата на Руцнер во живо, со нејзиниот впечатлив сценски настап и музика која допира до срцето. Нејзината кариера опфаќа соработки со имиња како Хозе Карерас, Peter Soave и Muye Wu, настапи на светски фестивали и настани, како и претставување на БиХ на Евросонг 2016.

Покрај нејзините концерти, Ана е и амбасадорка на хрватската култура и туризам, со многубројни наградени музички видеа и хуманитарни ангажмани. Во Кина важи за ѕвезда со бројни настапи на врвни фестивали, вклучително и на Глобалната новогодишна гала во Пекинг со над 150 милиони гледачи.

Flowers Symphony претставува совршен контекст за нејзиното деби во Македонија – насловен концерт што слави љубов, уметност и природна убавина, а Ана Руцнер е токму симболот на таа синергија. Присутните на Flowers Symphony покрај Ана Руцнер ќе имаат можност да ги слушнат и нашите Виолета Арсовска, Јаворка Витанова, Марина Коруновска и гостинката од Косово, Зана Абази Рамадани која неколку пати има настапувано со Битолскиот камерен оркестар.

Карти во продажба наследниот ЛИНК и во Тобако Димпо.

Сподели