Под слоганот „Халки шарено лето“ за време на летниот расуст ќе бидат одржани шест тематски работилници за деца во Музејот на град Скопје. Иницијативата е на Халкбанк АД Скопје која се погрижи за најмладите и ова лето да имаат интересни активности преку кои ќе ги развиваат своите креативни вештини и знаења.
– Среќни сме што под брендот Халки веќе неколку години реализираме проекти наменети токму за децата. Преку разновидни креативни работилници, меѓу кои и за поттикнување на читањето го поддржуваме нивниот развој. Важно е во какво општество растат нашите деца, но исто толку важно е да ја развиваме нивната креативност и да создаваат навика за читање и креативно изразување – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк.
Децата ќе учат како се прави мозаик, да креираат свои сликовници, да работат сценографија, модерни танци, да се запознаат со тајните на фотографијата и магијата на хартијата. Да се дружат со своите врсници и да заборават на таблетите и мобилните телефони. Концептот се состои од шест работилници на посебни теми, секоја од нив прилагодена на возраста за која е наменета. Дел од темите на работилниците се: Создаваме ритам за танцување, Мозаик што раскажува ѕвездени приказни, Халки фотоавантура, Хартијата што зборува и други.

„Халки шарено лето“ ќе се реализира во попладневните часови, во текот на летото, почнувајќи од среда (28 јуни). Времетраeњето на една работилница е два часа, а децата ќе бидат водени од врвни професионалци во областа. Работилниците се реализираат во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.
Сите работилници ќе се објавуваат на официјалната Фејсбук страница на Халки детско штедење, каде што родителите ќе можат да ги пријават своите деца за учество. Бројот на учесници ќе биде ограничен.





