Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е мета на хакерски напад на неговата фејсбук-страница. Таа во моментов е контролирана од непознат субјект, велат од УКИМ.
– Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ. Преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на „Фејсбук“ – велат од УКИМ.





