Гледајте го анимираниот „Мираи“ бесплатно на Cinesquare.net и учествувајте на работилница

Детската имагинација не е само волшебно патување во замислен свет. Таа честопати своето извориште и инспирација ги има во зачуденоста од реалниот свет и од опкружувањето во кое детето расте и се развива.

На 23 мај (вторник) со почеток во 18 часот ќе се одржи онлајн работилница со д-р Мартин Поповски. Подлошка и услов за успешно спроведување на работилницата е анимираниот филм „Мираи“ (Mirai no Mirai, 2018) кој е бесплатно достапен нa VoD платформата Cinesquare од до 23 мај. За да се вклучите на онлајн-работилницата, потребно е претходно да го гледате филмот. Можност за учество имаат деца на возраст од 9 до 11 години – бројот на учесници е ограничен на 10.

Бесплатните проекции се во рамките на соработката со Филозофскиот филмски фестивал од Скопје.
Рокот за пријавување е до 21 мај (недела). Потврда за учество ќе ви биде испратена на најдоцна на истиот датум.
Филмот ќе биде достапен на овој ЛИНК, а пријавата за работилницата – на следниот ЛИНК.

Сподели