Гласајте за „Приказната за Силјан“!

Во тек е вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални
признанија за документарен филм, откако во првиот круг успешно ја доби номинацијата на овој фестивал. Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји.

Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за „Оскар“.

Гласањето се затвора на 16 декември во 02.00 часот. Може да се гласа на следниот ЛИНК. До истата дата во 22 часот, ќе дознаеме и дали нашиот филм ќе добие номинација за „Оскар“.

Сподели