Романот за млади „Француски камп“ од младата српска писателка Енна Месарош преку онлајн-средба беше промоворан во организација на Здружението за унапредување и промоција на културата, науката и образованието УМНО – Скопје. За делото зборуваше литературната критичарка Александра Јуруковска, модератор беше Сребра Ѓорѓијевска, која се погрижи и за преводот на книгата, а на наша голема радост, на видеопромоцијата беше и авторката Месарош.
Таа не ја криеше радоста што доживеа нејзин роман да биде преведен на јазик надвор од нејзиниот матичен – на македонски.
-Многу сум среќна и се уште се ми изгледа нереално. На никој ништо не му кажав додека да се случи преводот посакувајќи нешто да не се изјалови. Кога бев мала многу гледав цртани и тоа ми ја хранеше фантазијата, така почнав да пишувам. Во средно школо трпев врсничко насилство, таму ми беше многу лошо, често плачев во школо и од таа ситуација успеав да ја напишам првата книга. Тоа ми беше бегство од реалноста – вели Енна.
За Јуруковска, романот е „симпатична тинејџерска голгота“.
– Тоа што ме улови е јазикот, на кој го прави тоа, користејќи примеси на француски, англиски, српски… Си реков: „Браво, некој се сетил дневникот да го постави во книга! Можеби повеќе очекував да биде во некаков поткаст, фјсбук-објава, а најмалку очекував да биде во книга. „Француски камп“ е книга што тече, меланж на културиоте што ги спојува, ова е европско милје. Се видов себеси во огледало. На младите читателите ќе им биде лесен, зашто Енна воопшто не била претенциозна и да користи изрази од францискиот говор, туку повеќе колоквијален говор и ги доловува емотивните состојби на главната раскажаувачка – истакна Јуруковска.
20-годишната српска писателкабеше среќна да одговори на прашања на средношколци од гимназијата „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, кои беа дел од промоцијата заедно со нивната професорка по македонски јазик и литература, Даниела Џишева. Таа истакна колку е важно младите да читаат и да имаат вакви прилики.
-Прво нешто што им недотига е трпение, тие немаат да прочитаат некоја книга. Дури и да е интересна, прво прашуваат дали е голема. Многу е важно, зашто нависитна се бориме да ги поттикнеме да стекнат навика да читаат. Ова е ваш подгвиг да се промовира една книга за млади. Сакам да го пофалам дизајнот на корицата – истакна Џишева.
Романот „Француски камп“ на младата српска писателка Енна Месарош деновиве излезе од печат како прво издание на Здружението за промоција и унапредување на културата, науката и образованието УМНО од Скопје. Романот кој е наменет за младата популација ќе ја збогати сиромашната понуда на домашни дела на теми што ги засегаат адолесцентите, а кај нас не често се третирани во литературата. Преводот и издавањето на книгата се создадени во рамките на проекот Регионална мрежа за културна разновидност READ, поддржан од Европската Унија, а го спроведува Гете-институт Скопје заедно со неколку партнерски организации: Асоцијација „Крокодил“ (Србија), Центар за балканска соработка Loja од Македонија, Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центарот за мултимедија (Косово).
Проектот е убава можност за граѓански организации од Македонија, Албанија, Косово, Србија и од Турција можат да соработуваат меѓу себе за да придонесат за интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите.
За преводот на книгата се погрижи Сребра Ѓорѓијевска, графичката обработка е дело на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ од Скопје, а дизајнот на корицата е на Катерина Пренда.
Авторката Ена Месарош ги срочила проблемите на денешните млади во читлив роман што лесно се чита. Пред нас е четиво кое на младите им се обраќа со нивниот јазик, тоа го прави посебно блиско и секој може да се идентификува.
Во рамките на проектот, во наредниот период книгата ќе биде дистрибуирана во 20 средни училишта низ Македонија, како подарок за училишните библиотеки и можност за средношколците да добијат литература што ќе им биде блиска на нивната возраст.
Во април, книгата ќе биде промовирана и онлајн, на фејсбук-страницата на порталот за обрзование, наука и култура www.umno.mk.
Преводот и издавањето на книгата се создадени во рамките на проектот Регионална мрежа за културна разновидност READ, поддржан од Европската Унија, што го спроведува Гете-институт Скопје заедно со неколку партнерски организации





