Во чест на големиот јубилеј „120 години од Илинденското востание”, Музејот на македонската борба за самостојност постави изложба со која се приклучува во одбележувањето. Станува збор за 26 врамени паноа со фотографии и документи што ги претставуваат историските премрежија на патот до независноста на Македонија во 1991 година, каде се вткаени 120 години борба за државност и самостојност.

Музејот годинава го реализира проектот „Измени, дополнувања и технолошко осовременување на музејска поставка – Македонија во илинденскиот период“.





